Кратковидост - миопија

Кај нормално око светлосните зраци од надворешната средина поминувајќи низ неговите траспарентни структури се прекршуваат. Прекршувајќи се тие ја проектираат, односно фокусираат сликата од надворешната средина директно на ретината.

Но, доколку окото е премногу долго или корнеата (рожницата) ги прекршува зраците повеќе од потребно, фокусот на зраците, односно сликата ќе падне пред мрежницата(ретината).

Во овој случај се вели дека личноста има миопија или кратковидост, што значи дека може јасно да гледа објекти кои се во близина, додека пак, за јасно да гледа објекти кои се оддалечени мора да носи очила, односно корективни леќи. Очилата кои се користат за корекција на миопијата ги прекршуваат светлинските зраци на начин кој овозможува и покрај абнормалноста на окото фокусот на сликата да падне на ретината. Така сликата повторно станува јасна.

Без да навлегуваме во оптометријата и законите на физиката, за крај ќе спомнеме дека дипотерот како мерка за оптичката моќ на леќата кај очилата кои се користат за корекција на кратковидоста има предзнак "-"

www.doktori.mk, 02.03.2011

Најчитани статии - медицина

Последна вест