Чувањето на лаптоп в скут влијае врз плодноста кај мажите

Навиката на мажите да го чуваат лаптопот в скут подолго од еден час може да ја намали плодноста, вели тим на истражувачи од Универзитетот во Падова, предводен од андрологот Карло Фореста.Тимот употребувајќи мали чипови ги мерел температурните варијации во тестисите кај мажи кои ги чуваат лаптопите во својот скут. Со истражувањата се утврдило дека оваа навика може да ја подигне температурата на тестисите до два степени по еден час.

Постојат емпириски опсервации кои сугерираат дека зголемувањето на температурата во тестисите може да влијае врз создавањето на спермата, заедно со веќе познатите ризици како што се носењето на тесни панталони,честите престои во сауна или покачената телесна температура. Во денешните развиени општества сведоци на фактот дека се повеќе малди луѓе употребуваат лаптоп поставен на скутот.

Воедно, научниците од Падова ја испитувале и температурата во тестисите кај обезни пациенти и кај пациенти со проширени вени на нозете, состојба кај која честа е појавата и на проширување на вените на тестисите. Температурата во тестисите кај двете групи била зголемена за еден степен целзиусов.

Зголемената температура се поврзува со неплодноста кај мажите. Целосните резултати од студијата наскоро ќе бидат презентирани на конференција за репродуктивно здравје во Рим.

www.doktori.mk, 18.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости