Пушењето лечи и разубавува

доктор на медицина

Ве намамивме исто како и првата цигара, со таа разлика што од нас можете веднаш да се откажете - само ќе кликнете на излезот горе. Но, што со откажувањето на вашиот омилен порок? Е тоа ќе оди малку потешко.

Имајте на ум - самосвеста е одлика на изградените и зрели личности, па бидете храбри и проследете не до крај.

Пушењето е добро за срцето

Пушачите поретко заболуваат од болести на белите дробови

Чадот од цигарите го штити желудникот

Цигарите ве разубавуваат,

Ја подмладуваат кожата на лицето,

ги измазнуваат ноктите,

ги подбелуваат забите,

и не влијаат врз јазикот.

Пушењето ја зголемува плодноста и сексуалната моќ

Убедени сте дека сето ова е точно? Размислете повторно!

Здрави сте, се чувствувате горе долу добро, досега не сте имале никакви здравствени потешкотии, а се надевате ќе живеете така и во следните години со надеж дека токму вас ќе ве одминат статистиките. Но, ако ве одмине една, кој ви гарантира за сите останати? Вие сте најдобриот пример што можете да си го земете. Ќе поработите ли на вашите одлуки или ќе им овозможите на докторите да работат на вас?

Живеј мудро. Живеј здраво!

Како уредник на Доктори.мк чувствувам морална обврска да ја започнам нашата кампања за здрави животни навики. Бидете мудри и одберете го најдоброто за себе. Со почит, д-р Бојан Шешоски

www.doktori.mk, 26.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина