Прв пат на гинеколог?

За многу жени и девојки првата посета на гинеколог е причина за вознемиреност. Фактот дека треба да ги покажат интимните зони на ново, непознато лице (често гинеколозите се мажи) создава разбирлив стрес. Но тоа во најголема мера се должи на немањето претстава како изгледа еден гинеколошки преглед.

Повеќето жени не знаат што да очекуваат, не знаат што би ги прашал лекарот, и не знаат што претставува гинеколошкиот преглед. Се надеваме дека со прилогов ќе ве охрариме да се јавите на преглед, ќе помогнеме да ги надминете предрасудите и стравовите и истовремено ќе допринесеме истиот да биде што помалку непријатен за вас.

Кога е најдобро време да се јавите на гинеколог?

Доколку немате тегоби, најдобро е редовниот преглед да се изврши неколку дена по завршувањето на менструацијата или некаде околу средината на менструалниот циклус. Тогаш е полесно да се испита вратот на матката и да се земат примероци за цитолошки анализи.

Причини за посета на гинекологот

Доколку сакате соодветно да се грижите за своето здравје, гинекологот треба да се посетува најмалку еднаш во годината. Доколку имате проблеми со чести инфекции или користите хормонална контрацепција прегледите треба да се изведуваат почесто, најмалку двапати годишно.

Гинекологот терба да се посети и порано доколку имате било какви други тегоби. Прегледот е потребен на пр. кога циклусот ви е нередовен, доколку имате крварење помеѓу менструациите, болки при сексуалниот однос, доколку се сомневате дека сте забремениле, доколу ви се потребни орални контрацептиви и сл. Исто така ако имате 16г и досега не сте имале менструација треба што поскоро да посетите гинеколог.

Како да се подготвите

Медицинска документација

Освен документите за идентификација и здравствената книшка, доколу одите во јавна здравствена установа или установа кои соработува со фондот за здравство препорачуваме да имате потврда дека сте здравствено осигурани(сини каротни).

Подготовка пред прегледот

Препорачуваме да се истуширате и да ги измиете интимните делови со вода или благ сапун.Често пати жените се прашуваат дали да ги отстранат влакната на интимните делови пред посетата. Одговорот е дека за гинекологот тоа не прави никаква разлика. Сепак, доколку сметате дека вам лично ќе ви биде попријатно, тогаш отстранувањето на влакната од интимните делови е сосема во ред. Добро е претходно да уринирате, со цел мочниот меур да биде празен и да се избегне непотребна нелагодност при прегледот.

Облека

Препорачливо е да се носи комотна облека. Имајте во предвид дека лекарот треба да ги прегледа интимните делови вклучувајќи ги и градите.

Тек на прегледот

  • Разговор со лекарот за вашите тегоби и сите нејасни прашања кои ги имате во врска со вашето здравје

  • Прглед на градите

  • Надворешен преглед на телото и гениталиите

  • Преглед на карлицата - вклучува бимануелна палапација, инспекција(набљудување). Овој дел од прегледот се случува на гинеколошки стол на кој жената лежи на грб со раширени нозе. Во прв акт лекарот проверува дали има некои нарушувања во надворешните делови од гениталиите. Следно со помош на специјални инструменти лекарот го прегледува внатрешниот дел од гениталниот тракт за да ја процени сосстојбата на грлото на матката, вагината, изгледот на вагиналниот секрет и слузта на грлото на матката. За време на овој дел од прегледот се зема, доколку е потребно, материјал за цитолошка анализа. На крај се продолжува со палпација за да се даде целосна проценка за состојбата на половите органите

Лекарот може да ве праша за

  • вашата состојба и вашите тегоби

  • првата и последната менструација

  • одржувањето на сексуални односи

  • вашата гинеколошка и акушерска историја

  • минати операции во карлицата

  • природата на менструалите крварења

  • крварења кои не се дел од менструалниот циклус

  • тегоби поврзани со вулвата и вагината

  • нелагодност или нестабилност на гениталиите и др.

Не заборавајте дека целосниот и правилен гинеколошки преглед ќе му овозможи на лекарот да даде точна проценка на вашата состојба и здравјето на половите органи Секоја жена треба редовно да го посетува гиенкологот, најмалку еднаш во годината.

www.doktori.mk, 10.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина