Доктори.мк - водич за додавање маркер

м-р Виктор Митревски
магистер по софтверско инженерство

За прв пат во Македонија, порталот доктори.мк нуди можност за бесплатно поставување на локацијата на вашите установи, или вашата локација како доктор-поединец.

Додавајќи го својот маркер ќе бидете чекор поблиску до вашите идни пациенти, кои ќе можат да ве пронајдат врз основа на локацијата, типот на здравствената установа и вашата специјалност.

Следи краток опис на процедурата за додавање на вашата локација на мапа:

До делот за додавање маркер, може да пристапите на два начини: преку почетната страница во делот за пребарување (постои линк додај маркер во десниот горен дел) или преку главното мени, со избор на категоријата МАПА, па повторно со притискање на линкот додај маркер во десниот дел на екранот.

Процедурата се состои од 4 чекори:

  1. Избор на типот на маркерот;
  2. Внесување на основни податоци;
  3. Лоцирање на мапа;
  4. И доколку се е во ред, генерирање на извештај.

Тип на маркер

Може да изберете еден од четирите можни типови:Установа, Доктор поединец, Фармација или Спорт и рекреација, преку притискање на соодветното копче.

Основни податоци

Вториот чекор, или внесувањето на основните податоци за маркерот и сличен за сите четири типови на маркер. Заедничко е тоа што се внесуваат податоци за име на установата (име и презиме за доктор поединец), телефонски број (опционално), и електронска пошта. Внесувањето на електронската пошта е значајно за понатамошна комуникација со сопственикот на маркерот. Е-поштата може да не биде прикажана на мапата по желба на корисникот.

Во овој чекор, освен за типот Доктор поединец, се избира и подтипот за маркерот. На пример при внесување на установа може да изберете дали внесувате ординација, болница, поликлиника и слично. Во делот на Фармација избирате помеѓу аптека или веледрогерија, или во делот за спортски активности: базен, спортска сала итн.

Кај категориите Установа и Доктор поединец, треба да се внесат и медицинските специјалности што ги поседува установата или поединецот, преку соодветен избор од листата на специјалности (прикажани на долната слика).

Лоцирај на мапа

Третиот чекор се состои од избор на градот во кој се наоѓа маркерот што го внесувате. Градот се прикажува на мапата на левата страна. Со помош на пинчето кој што се наоѓа на мапата, треба да ја изберете точната локација. Опционално може да ја внесите и точната адреса на вашата локација.

Внесувањето на маркерот се привршува со прифаќање на условите кои ги поставува порталот Доктори.мк и со внесување на кодот кој што е генериран на сликичка, како што е прикажано на долната слика.

Извештај

По завршувањето на третиот чекор, доколку сите податоци се валидни се генерира извештај (чекор 4). Во извештајот се прикажани сите податоци кои што сте ги внесле во претходните чекори. Моментално промената на вашиот маркер е можна само преку комуникација со тимот на доктори.мк, односно бараните измени ги испраќате преку контакт формата и ние вршиме промена. Во најскоро време ќе биде воведена и можноста корисниците само да вршат измени на своите маркери.

Напомена: По внесувањето на маркерот, следи верификација и активација на истиот од страна на тимот на доктори.мк. Штом вашиот маркер биде поставен на мапата/пребарувачот, ќе бидете известени преку емаил порака.

www.doktori.mk, 21.02.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости