Абулија - како да ја препознаеме

доктор на медицина

Дали некогаш сте се почувствувале како да ви фали мотивираност? Можеби сте неодлучни и ја губите спонтаноста? Или пак сте инертни и губите интерес да направите нешто интересно и креативно?Тоа може да биде само моментална состојба, последица од проблеми во емотивниот живот, но кај некои луѓе оваа состојба може да се карактеризира како абулија или недостаток на волја или мотивација.

Што е тоа абулија и како да ја препознаеме?

Абулијата е делумна или потполна неспособност за донесување одлуки или нивно неспороведување на дело.

Пациентот со абулија не е способен да донесува одлуки, ни за блиските, ни за самиот себе. Ја губи способноста за спонтани акции или таа способност е редуцирана. Пасивен е, емотивниот одговор е намален и губи интерес за работите кои се случуваат околу него. Социјалните интеракции кај овие индивидуи се намалени што станува видливо за околината дека нешто се случува кај овие луѓе. Тие бавно реагират на случувањата во нивната социјална средина или се комплетно незаинтересирани за истите. Не започнуваат разговор, тивки се или воопшто не разговараат, а и физичкот одговор им е бавен или воопшто не постои.

Причини

Направени се многубројни истражувања за тоа дали абулијата е засебна болест или симптом на веќе постоечка болест. Заклучено е дека абулијата е последица на веќе посточка дементна болест, исхемија, повреда на мозочното ткиво, а како најчеста причина се лезиите на фронталниот лобус.

Дали може да се лекува?

За среќа кај поблагите форми кои и строго не се класифицираат како абулија, туку како некоја форма на депресија, третманот е лесен и вклучува антидепресивна терапија, додека кај сериозните форми пристапот во лекувањето е покомплексен.

Доколку вие или некој од вашата средина има некои од погоре наброените симптоми препорачуваме консултација со лекар.

www.doktori.mk, 20.02.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина