Доктори.мк - водич за пребарување

м-р Виктор Митревски
магистер по софтверско инженерство

На почетната страница на порталот, постои пребарувач кој што се состои од четири дела:

Може да пребарувате доктори и локации по четири услови: специјалности, установи, фармација и спорт и рекреација. Заедничко за сите четири типа на пребарување е тоа што постојат два начини на пребарување и тоа:

  • по специјалност и град;
  • по име или адреса;

Пребарување по специјалност и град

Според првиот начин, најпрво избирате специјалност во првото поле за избор и во зависност од избраната специјалност во второто поле се листаат градовите во кои ја има избраната специјалност, врз основа на податоците со кои располагаме во моментов.

Во примерот на горните слики, корисникот пребарува по специјалност Интерна медицина, и по изборот на специјалноста во првото поле, во второто поле се листаат градовите во кои може да се најде таа специјалност.

По изборот на бараниот град, во случајов Штип, корисникот го притиска копчето Барај и е пренасочен кон мапата на која се маркирани сите локации:

Десно од мапата може да ги видите сите активни маркери во тој момент (според параметрите од пребарувањето), што значи дека ако дојде до преклопување на маркери или доколку локацијата на докторот или објектот е надвор од избраниот град, истата можете да ја видите со нејзино притискање на листата.Исто така, локацијата може да ја отворите и со нејзино кликање на маркерот на мапата. Со отворањето на локацијата, се појавува облаче нејзините основните информации (име, адреса, телефон).

Напомена: Бојата и формата на маркерот на мапата е во зависнот од избраниот начин на пребарување.

Пребарување по име или адреса

Вториот начин на пребарување се состои во внесување на дел од името или адресата на бараниот доктор или локација. Во внесувањето на најмалку три букви, доколку според бараните букви постои таков субјект, ќе се отвори прозорец со предлог резултати за избор. По изборот на бараниот резултат, корисникот директно се пренасочува до мапата, како на горната слика.

Напомена: Може да пребарувате и со кирилични и со латинични букви.

Идентично оди пребарувањето доколку корисникот влезе директно во мапа (избор на Мапа од главното мени).

За сите прашања, предлози или критики во однос на овој дел, може слободно да не контактирате на нашата е-пошта: contact@doktori.mk

Искрено се надеваме дека оваа наша функционалност значително ќе ви го олесни пронаоѓањето на вашиот доктор, стоматолог, фармацевт, установа и слично.

Ваш, Доктори.мк

www.doktori.mk, 17.02.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости