Зошто плачеме?

д-р Елена Сотироска
специјализант по психијатрија

Солзите на нашето лице може да значат дека сме очајни, лути, вознемирени или среќни. Но, тие се неопходна заштита за очите. Уште од самото раѓање потикнуваат цела низа физички и хемиски реакции кои му овозможуваат на новороденчето да преживее. Постојат повеќе различни начини на плачење: сув плач без солзи, плач заради болка, плачеме и кога имаме страно тело во окото, а човек може и да се преправа дека плаче - нешто што порано било дел од многу култури, а денес е секојдневие по филмовите.

Капаците како бришачи.

Најкарактеристично за плачот се насолзени очи. Од четири мали жлезди, сместени од двете страни на очите постојано се излачуваат солзи кои ја влажнат и штитат рожницата. Со помош на капаците тие рамномерно се распределуваат во тенок слој и се насочуваат кон каналите од каде се сливаат во носот за организмот повторно да ги впие. Кога во окото ке падне зрнце прашина или трепка солзните жлезди лачат поголемо количество солзи, како поток кој го одстранува страното тело кон носот се додека не се исфрли, а вишокот солзи се слеваат по лицето. Солзи се лачат повеке од обично и кога очите се изложени на одредени физички или хемиски дразби. На пример на прејака светлина, на иритирачки гасови (солзавец), одредени растенија (кромид) и друго.

Плачот на новороденче

Плачот кај новороденчето е нешто сосема друго. Кај него нема солзи, затоа што развојот на солзната жлезда завршува во 3-4 месец од животот. Во тек на првите месеци од животот тоа е едниствениот начин на кој бебето може да и соопшти на мајката дека е гладно, дека нешто го боли и дека е осамено. После првите месеци од животот па се до зрело доба, со плачот се искажува болка или чувство.

Како стануваме плачковци

Плачливоста е ислкучително лична особина. Во секој од нас постои "емоционален праг", кој кога ке се надмине почнуваат солзите. Истото важи и за плачот од болка. Прагот зависи од возраста и искуството,па така ако на детето доволно му е само да се земе играчката за тоа да зaплаче, на војникот врaтен од војна му треба многу повеке. Во светот каде што мажите имаат високa положба, за жените солзите често претставуват начин на преживување, а за машките напротив плачењето е израз на слабост.

И оние кои никогаш не плачат годишно пролеваат по два литри солзи.

Крокодилски солзи

Според една легенда крокодилот плаче откако ке го растргне човекот, зошто горко се кае :) , па затоа изразот "крокодилски солзи" се користи за некој што лажно се кае. Всушност крокодилот воопшто не може да плаче затоа што тој нема солзни канали. За неговиот плач се зборува заради провидната мембрана во крајот на окото, која кога е отворена наликува на солза.

www.doktori.mk, 30.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости