Слободните радикали и нивното дејство

Слободните радикали, уште познати и само како радикали се органски молекули одговорни за процесот на стареење, за оштетувањето на ткивата и за настанувањето на некои болести.

Една послободна и поширока дефиниција за слободните радикали вели дека тоа се сите променливи - хемиски нестабилни видови на честички - атоми, молекули или јони.

Слободните радикали се “слободни” затоа што плутаат наоколу додека да се стабилизираат и "радикални" затоа што можат да земат електрон од многу различни молекули. Штетата која настанала кога ќе успеат да се стабилизираат не престанува затоа што молекулата од која одзеле електрон постанува нов слободен радикал. Оваа позитивна спрега го пустоши здравото ткиво, уништувајќи ги неговите градбени единици.

Радикалите освен во оштетувањето на ткивата играат клучна улога и во неколку биолошки процеси. Тие играат улога во работата на фагоцитите (едни од видовите на бели крвни клетки) кои имаат задача да ги јадат и уништуваат бактериите и другите патогени во телото. Се верува дека играат улога и при продесот на редокс сиглализација во клетките, каде се мисли дека делуваат како клеточни гласници.

Некои процеси како стареењето, во кои се смета дека слободните радикали имаат улога се неизбежни. Други пак, како уништувањето на ДНК или атеросклерозата може да се спречат.

Антидот за незаситниот апетит на слободните радикали за електрони се антиоксидансите. Нив ги има во свежите намирници како овошјето и зеленчукот особено во витамините кои се наоѓаат во оваа храна. Меѓу витамините би ги издвоиле витаминот А, витаминот Е и бета каротенот. Овие големи молекули делуваат како пречка во спрегата потегната од слободните радикали, спречувајќи ги штетите. Се препорачува да внесувате антиоксидасни во организмот преку урамнотежена исхрана затоа што телото ги апосрбира и користи антиоксидансите внесени на тој начин полесно отколку кога се внесуваат витамински додатоци.

Антиоксидансите заслужуваат посебно внимание и за нив поопширно ќе пишуваме наскоро.

Се смета дека загадувањето на околината, јонизирачките зрачења, пушењето на цигари и отрови како некои средства за чистење и хербицидите поттикнуваат создавање на слободни радикали.

Улогата на слободните радикали во настанувањето на одредени врсти на рак, мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања се уште се истражува. Првичните резултати од многубројните испитувања покажуваат дека ниските нивоа на слободни радикали се поврзани со намален ризик од настанување на кардиоваскуларни болести и цереброваскуларни болести.

www.doktori.mk, 14.11.2015

Последна вест

Најчитани статии - занимливости