Канцер - видео анимација

Канцерите се група на преку 100 болести кои се карактеризираат со абнормално, неконтролирано размножување на клетки. Во здравиот организам клетките се создаваат, растат, умираат и се заменуваат со нови на строго контролиран начин. Оштетувањето или промената на генетскиот материјал на клетките предизвикано од фактори на околината или некои внатрешни фактори во организмот може да резултира со создавање на клетки кои не умираат и продолжуваат да се размножуваат се додека не се создаде маса на канцерозни клетки уште позната и како канцер, рак или тумор.

Најголем дел од смртните случаи поврзани со канцерите се должат на метастазирање на првичната канцерозна маса. Некои малигни клетки од таа маса пенетрираат во циркулаторниот систем, патуваат низ него и создаваат колонии на малигни канцерозни клетки во други делови од телото. Тие колонии се нарекуваат метастази.

И покрај огромните напори кои ги прави науката и медицината канцерот сеуште е водечка причина за смрт кај луѓето помлади од 85 г.

www.doktori.mk, 26.03.2011

Најчитани статии - медицина

Последна вест