Помалку маснотии - повеќе калории?

Koгa се обидувате да го намалите внесувањето на маснотии во организмот преку храната, запрашајте се дали тоа намалување од друга страна го надокнадувате со слатки. Многумина од нас го компензираат намалениот внес на маснотии преку зголемување на внесот на шеќери. Тоа најчесто го правиме без да забележиме.

Еве зошто: голем дел од производите со намалена содржина на маснотии кои се достапни на пазарот имаат високи нивоа на шеќери, сол, вештачки засладувачи и други адитиви кои се додавааат со цел да се подобри вкусот и текстурата на крајниот продукт и да се направи тој да биде исто толку вкусен колку што бил пред да се намали процентот на маснотии во него.

Иако шеќерите содржат помалку калории од маснотиите, нивните калории се т.н. празни калории, односно обезбедуваат енергија и ништо повеќе. Зголемувањето на внесот на сол од друга страна долгорочно може да води кон покачување на крвниот притисок, а вештачките адитиви се поврзуваат со низа алергиски реакции, астма, дигестивни нарушувања и нарушувања во однесувањето.

Уште треба да се напомне дека маснотиите во храната влијаат врз чувството на ситост.

Заради сето горенаведено се препорачува намалувањето на маснотиите во храната да биде умерено.

Она што треба да ви стане навика е да не заборавајте при купувањето на храна во супермаркетот да ги прочитате нутрутивните вредности на производот кој го купувате.

www.doktori.mk, 12.02.2011

Последна вест

Најчитани статии - исхрана