Аеробни вежби - потрошувачка на калории

Аеробните вежби се вежби при кои се троши најмногу енергија. Изведувањето аеробни вежби подразбира употреба на големи мускулни групи преку изведување на постојани ритмични движења. За тоа се неопходни големи количини на кислород. Трчањето и возењето велосипед се меѓу најпознатите аеробни вежби.

Во прилог погледенете листа на аеробни активности и калории кои се трошат при изведување на истите во тек еден час. Пресметките се направени за лице кое тежи 75кг. Човек кој тежи 100кг треба да додаде уште околу 25% на дадениот износ.

возење велосипед (15км/час) - 292

џогирање (8 км/час) - 584

трчање (12 км /час) - 986

пешачење - (5 км/час) - 277

пешачење по нерамен терен - 438

танцување - 354

аеробик (силен интензитет) - 511

аеробик (слаб интензитет) - 365

возење ролери - 913

скокање на јаже - 730

качување по скали - вежби на степер - 657

играње тенис - 584

лизгање на мраз - 511

Истражувањата покажуваат дека редовното изведување на аеробни вежби помага во намалување на вишокот масно ткиво и има низа позитивни ефекти врз срцето, белите дробови и крвотокот. За одржување на добро здравје се препорачува изведување аеробни вежби најмалку 3 пати во неделата по половина час.

www.doktori.mk, 10.02.2011

Последна вест

Најчитани статии - вежби