Живот во внатрешноста на клетката - видео анимација

Клетката е структурна и функционална единица на сите живи организми. Некои од нив како бакериите се едноклеточни(составени од само една клетка). Други пак како луѓето се повеќеклеточни. Организмот на секој човек е составен од над 100 000 000 000 000 клетки. Големината на клетките обично изнесува 10 микрометри, а масата околу 1 нанограм. И покрај тоа во природата постојат најразлични варијации во големината и тежината на клетките. Најголемата досега позната клетка е јајцето на нојот кое достигнува големина до 15cm во пречник и тежина од околу 1.5 kg.

Животот воопшто почнува со клетката и се темели на она што се случува во неа, на нејзините составни делови, нивната меѓусебна поврзаност и постојана активност. Погледнете го овој сликовит приказ на чудесниот микрокосмос во внатрешноста на клетките.

www.doktori.mk, 10.02.2011

Најчитани статии - занимливости

Последна вест