Оптички илузии

Оптички илузии
Оптичките (визуелни) илузии се слики кои човекот ги доживува на начин различен од објективната реалност. Кога ги гледаме, информациите кои преку очите доаѓаат до мозокот го наведуваат да ги обработи и перцепира на начин кој не се совпаѓа со објективните физички параметри. Постојат 3 главни видови на оптички илузии: 1. буквални - кај кои сликата се разликува од предметите од кои е составена; 2. физиолошки - кај кои сликата делува на очите или мозокот преку прекумерна стимулација од одреден тип(светлина, боја, позиција, движење); и 3. когнитивни - како резултат на потсвесна интерференција на елементите од кои е составена сликата.
Погледнете ги статиите од рубриката: