тимот на Доктори.мк
д-р Димитрије Пашанку
д-р Димитрије Пашанку
специјалист по ортодонција
ПЗУ Орто Про Фиделис - Скопје
 
 

Д-р Димитрије Пашанку е роден на 07.04.1964 година во Битола, каде го завршува средното образование во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Во 1984 година се запишува на Стоматолошкиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и на истиот дипломира во 1990 година. Во наредната 1991 година работи во приватната ординација во Скопје, а од 1993–1998 година работи во Здравствениот дом во Кратово.

Потоа, од 1999 до 2001 година, се вработува во Министерството за здравство на Република Македонија. Во 2001 година ја започнува специјализацијата од областа на ортодонцијата и специјалистичките студии ги завршува во 2003 година на Стоматолошкиот факултет при Унивезитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2004 година започнува со работа како специјалист ортодонт при Здравстввениот Дом - „Скопје”, a oд 2007 година работи во приватната специјалистичка ординација по ортодонција „Орто Про Фиделис” во Скопје. Денес е сопственик и менаџeр на истата.


За Доктори.мк

Во продолжение сакам да истакнам дека постоењето на страницата Доктори.мк е од големо значење, не само за професионалната јавност, туку и за целокупното население кое може да добие информации од сите области на медицината, стоматологијата, и тоа од прва рака, а воедно и да стекне сознанија за еден повисок степен на култура на живеење.

Чест ми е да бидам дел од тимот на Доктори.мк и заеднички, со здружени сили, да делуваме хармонично и да се потрудиме да дадеме заеднички допринос во подобрувањето на колективното здравје во Република Македонија.

Листа на статии од авторот: