тимот на Доктори.мк
Билјана Драгановска
Билјана Драгановска
студент по медицина
 
 

Билјана Драгановска е родена на 24.12.1989 година во Дирен, Р.Германија. Средно образование завршува во С.У.Г.С. „Раде Јовчевски- Корчагин“, насока гимназија, во периодот 2004-2008, како еден од 20-те најдобри ученици со одличен успех. Положува државна матура на темата „Ќелавост“. Во 2008 година се запишува на Медицинскиот факултет при универзитетот св.„Кирил и Методиј“ во Скопје.

Практично искуство:

  • Во 2009 година има присуствувано на пракса во Градската болница „Св.Наум Охридски“, во одделот за хирургија;
  • Во 2011 пракса во Државна Болница, во Гинеколошко-акушерската Клиника;
  • Активист е во Црвен Крст и клубот за поддршка на младите, како и во студентските организации АИЕСЕК и ЕМСА;
  • Волонтира во невладината огранизација КИБАРИАН како тутор на млади, активно се залага за поттикнување на нивниот интерес кон медицината и претприемништвото во другите области.

Покажува интерес кон: патологија, судска медицина и хирургија.

Има познавања од англискиот и германскиот јазик.

Во слободно време сака да: слика, спортува (пливање, планинарење), пее.


За Доктори.мк
Големо задоволство ми е што сум дел од група на индивидуи кои овој веб портал ги спои заедно, за да со своето знаење ги едуцираме читателите и ги поттикнеме да размислат за своето здравје, како и да покренат одредени чекори за превенција. Доктори.мк е страна на која луѓето можат да дојдат до знаење кое е пишано од личности кои ја сакаат својата насока и со задоволство помагаат.
Листа на статии од авторот: