тимот на Доктори.мк
д-р Ариф Арифи
д-р Ариф Арифи
доктор по стоматологија
 
 

Ариф Арифи е роден на 27.02.1990 во Тетово. Средното образование го завршува во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ - природно математичка насока, во Тетово. Во 2008 година се запишува на додипломски студии на Стоматолошкиот Факултет (програма Доктор по Стоматологија) при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје. Дипломира во 2013 г.

Зборува течно албански (мајчин јазик), македонски, англиски и српско-хрватски. Добро ги владее компјутерските вештини.

Покажува посебен интерес за спортот (рекреативно се бави со спорт поради тоа што мисли дека, како медицински лица, треба да бидеме физички подготвени да им пружиме помош на пациентите), технологијата, музиката, филмовите; а во професионален аспект посебен интерес има за Ортодонцијата.

Учествува на 19-от Меѓународен научен конгрес на студентите по стоматологија во Охрид 2012, со објавен труд „Ортодонтски третман со Invisalign“.

 

Професионален ангажман:

Приватна ординација ПЗУ „САНОДЕНТ“ во Гостивар

 

 

Мото:

Everything happens for a reason!

Hard work + a bit of luck = success


За Доктори.мк
Ја поздравувам иницијативата за создавање на ваков преубав и корисен портал. Порталот Доктори.мк е место каде медицинските лица имаат можност да го истакнат своето знаење, а истовремено и пациентите се поблиску до информациите за многу актуелни проблеми, заболувања и совети за водење на здрав живот. Мапата претставува одличен и брз начин за лоцирање на здравствена установа или доктор. Мене ми е голема чест и задоволство да сум дел од тимот на Доктори.мк и се надевам дека сите заедно преку нашите статии ќе придонесеме за едуцирање и создавање на здраво општество.
Листа на статии од авторот: