Доктори.мк | д-р Анџела Витанова|andzelavitanova | Портал за медицина и здравје
тимот на Доктори.мк
д-р Анџела Витанова
д-р Анџела Витанова
доктор на медицина
 
 

Анџела Витанова е родена на 03.08.1987 во Скопје. Средно образование завршува во ДСМУ „Д-р Панче Караѓозов“ со одличен успех и се здобива со диплома медицинска сестра-техничар. Поради големата љубов кон медицината во 2006 година своето образование го продолжува на Медицинскиот факултет во Скопје, отсек општа медицина. Поради покажаните успеси во тек на студиите се здобива со државна стипендија, а подоцна и приватна стипендија. Учесник е на многубројни проекти, презентации и други активности поврзани со медицината, се здобива со бројни сертификати за конгреси и размена на студенти. Во август 2011 година успешно завршува со положување на испитите, со просек 9.3. Моментално е стажант на Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје.

Своето практично искуство го стекнува во тек на студирањето и стажирањето на:

  • Клинички центар во Скопје - интерни клиники, клиника за инфективни болести, хируршки клиники, клиника по гинекологија и акушерство, психијатрија;
  • Институт по фармакологија и институт по микробиологија;
  • Институт по трудова медицина на Р.М.;
  • Градска општа болница „8-ми Септември” - оддел дигестивна хирургија;
  • Клиника по општи хируршки болести „Св.Наум Охридски”.

Посебен афинитет покажува кон хирургија и гинекологија и планира и понатамошна едукација во тој смер.


За Доктори.мк
Чест е да бидам дел од тимот на Доктори.мк. Ова е сајт кој овозможува да се едуцираме, запознаеме со интересни теми од областа на медицината, фармакологијата, стоматологијата, психологијата, а со тоа да се превенираат или рано препознаат симптомите на различни заболувања, да се сочува и унапреди здравјето. Се надевам дека и моите статии ќе бидат интересни, како и останатите, и дека ќе допринесат во подигнувањето на здравствената свест.
Листа на статии од авторот: