Доктори.мк | Александар Гаврилов|aleksandargavrilov | Портал за медицина и здравје
тимот на Доктори.мк
Александар Гаврилов
Александар Гаврилов
студент по стоматологија
 
 

Александар Гаврилов е роден 14.04.1993 во Кочани. Средно образование завршува во СОУ „Јане Сандански“ Штип – насока забен техничар, со континуиран одличен успех. По обавената пракса го положува стручниот испит за забен техничар и добива диплома. Сега е редовен студент во прва година на стоматологија при универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Покажува голем интерес за прашања од областа на стоматологијата и сака да стекне нови знаења и искуства. Во слободно време ја посетува стоматолошката ординација ПЗУ „ИРИС-Дент“ Koчани. Таму практично се запознава со голем број случаи од областа на стоматологијата и директно зема учество во нивната превенција, дијагноза и санирање.

Присуствува на 19-ти Меѓународен конгрес по стоматологија во Охрид, во 2012 година.

Поглед кон стоматологијата:

Стоматологијата ја засакав уште од рана возраст по примерот на мојот татко стоматолог. Сакам да бидам успешен и ценет доктор стоматолог баран од пациентите. Мој совет до сите пациенти е редовна посета на својот матичен стоматолог, за навреме да се санираат сите аномалии на забите и се спречат понатамошните компликации. По завршување на студиите моја желба е специјализација од областа на оралната хирургија.


За Доктори.мк

Голема чест ми е да бидам дел од овој тим. Од овој портал можеме да се стекнеме со нови знаења, искуства од областа на медицината. Доктори.мк е место кое ќе ја зголеми здравствената култура на пациентите и ќе се најдат практични совети за да го сочуваме нашето здравје.

„Здравиот има многу желби, а болниот само една – да оздрави“.

Листа на статии од авторот: